Собрание

Седница на Комисијата за прашања на изборите и именувањата

04.06.2024 08:32

На дневен ред на првата седница на оваа Комисија се Утврдувањето Предлог – одлука за избор на претседатели, заменици на претседателите, членови и нивни заменици на собраниските комисии, разгледување на барање од поранешниот претседател Стево Пендаровски, за мирување на правото на пензија по престанување на функцијата и разгледувањето на барања за остварување на плата по престанок на функцијата пратеник во Собранието...

Во Собранието денеска ќе се одржи седница на Комисијата за прашања на изборите и именувањата. Како што стои на собраниската веб-страна, на дневен ред на првата седница на оваа Комисија се Утврдувањето Предлог – одлука за избор на претседатели, заменици на претседателите, членови и нивни заменици на собраниските комисии, разгледување на барање од поранешниот претседател Стево Пендаровски, за мирување на правото на пензија по престанување на функцијата и разгледувањето на барања за остварување на плата по престанок на функцијата пратеник во Собранието на Република Северна Македонија.

Претседателот на Собранието Африм Гаши вчера ја одржа првата редовна координација во новиот собраниски состав.

Претставниците на владејачките партии вчера во Собранието, по координацијата, околу законските измени поврзани со промените на министерствата во Владата изразија очекувања дека ќе го обезбедат потребното двотретинско мнозинство и да бидат изгласани овие промени. Додека, пак, од опозициските партии нагласија дека прво сакаат да ги видат, па потоа ќе донесат заклучок за законските измени за реорганизација на министерствата.

На координацијата во Собранието, главно, како што информира собраниската прес-служба, било дискутирано за конституирањето на комисиите, како и на неформалните работни тела во законодавниот дом.