Форум „70 години од Хашката конвенција од 1954 година“
Во ЈУ Музеј на град Скопје денеска ќе се одржи Форум насловен како „70 години од Хашката конвенција од 1954 година“ во организација на Македонскиот национален комитет на Синиот штит...

Во ЈУ Музеј на град Скопје денеска ќе се одржи Форум насловен како „70 години од Хашката конвенција од 1954 година“ во организација на Македонскиот национален комитет на Синиот штит, а во соработка со Музејот на град Скопје и Здружението на ветерани и резервисти од одбраната и безбедноста на Република Северна Македонија. Меѓународната Хашка конференција, додаваат, следела по девастирачките состојби на културното наследство по светските војни во 20. век и нејзиниот исход, бездруго, претставуваат значаен историски исчекор.
Имено, тогаш првпат, на меѓународно рамниште во светски размери, предмет на внимание била самата хуманитарна заштита на културните добра, сфатена, издвоена и третирана како посебно тематско подрачје. Во него се додава дека оваа година Македонскиот национален комитет на Синиот штит организира одбележување на 70 години од Хашката конвенција од 1954 година, преку воспоставување на соработка со силите за одбрана и безбедност, со цел остварување на дијалог и размена на идеи и планови за правилно имплементирање на обврските од Хашката конвенција, во правец на заштита на нашето културно наследство.
Ова одбележување, во форма на Форум, ќе биде реализирано во соработка со Здружението на ветерани и резервисти од одбраната и безбедноста на Република Северна Македонија.
Фото:/ Министерство за култура
