Патарини

Од патарини собрани над 23 милиони и 650 илјади евра

04.06.2024 08:49

Од наплата за патарини во првите пет месеци од годинава се собрани над 23 милиони и 650 илјади евра што е зголемување за над 2 милиона и 100 илјади евра повеќе од лани...

Од наплата за патарини во првите пет месеци од годинава се собрани над 23 милиони и 650 илјади евра што е зголемување за над 2 милиона и 100 илјади евра повеќе од лани, односно со пораст од 10, 2 проценти за периодот јануари мај годинава соопштуваат Јавното претпријатие за државни патишта.

Минатата година претпријатието ја заврши со рекорден приход од патарини од 62 милиони евра, што е за 100 проценти повеќе во споредба со 2020 година. Вкупните приходи од наплата на патарина за 2024 година се проектирани на износ од 4 милијарди и 400 милиони денари.