Политика

Тече постапката за кандидирање за нов претседател на СДСМ, рокот истекува во четврток

04.06.2024 08:53

Кандидатите треба да имаат најмалку петгодишно членство во СДСМ и најмалку еднаш да биле избрани од Конгресот за член на некој од органите на партијата...

Во СДСМ е во тек постапката за кандидирање нов претседател на партијата. Рокот истекува в четврток, на 6-ти јуни. Венко Филипче поранешниот министер за здравство се огласи за кандидатура за лидер на СДСМ. Кандидатура најавија и Славјанка Петровска досегашната министерка за одбрана и Јован Деспотовски, директорот на индустриските развојни зони, како и Стефан Богоев и Александар Бајдевски.

Кандидатите треба да имаат најмалку петгодишно членство во СДСМ и најмалку еднаш да биле избрани од Конгресот за член на некој од органите на партијата. Освен лична и партиска биографија, кандидатите треба да достават и четиригодишна програма за работа. Вонредните внатрепартиски избори во СДСМ ќе се одржат на 30-ти јуни.