Концерт по повод 30 години дипломатски односи помеѓу Шпанија и Северна Македонија
Ќе настапат македонските реномирани уметници – „волшебникот на пијаното“ Дино Имери, како и Камерниот оркестар „ID Chamber Orchestra“, под диригентство на маестра Дијана Имери Илкоска...

Амбасада на Шпанија во Скопје организира концерт по повод 30 години дипломатски односи помеѓу Шпанија и Северна Македонија, што ќе се одржи вечер со почеток во 20 часот во Камерната сала на Филхармонијата.
На концертот, како што соопштуваат од Амбасадата, ќе настапат македонските реномирани уметници – „волшебникот на пијаното“ Дино Имери, како и Камерниот оркестар „ID Chamber Orchestra“, под диригентство на маестра Дијана Имери Илкоска. Програмата е составена од дела од македонски и од шпански композитори: Томислав Зографски, Вања Ѓумар Николовски, Дијана Имери Илкоска, Дамир Имери, Мануел де Фаља, Фредерик Момпу и Исак Албенис.
