Романија

Мотивот на Сириецот кој фрли молотов коктел пред израелската амбасада е личен

04.06.2024 09:34

34-годишен Сириец кој вчера фрли молотов коктел пред израелската амбасада во Букурешт, е личен и не е поврзан со војната во Појасот Газа...

Романските власти соопштија дека мотивот на уапсениот 34-годишен Сириец кој вчера фрли молотов коктел пред израелската амбасада во Букурешт, е личен и не е поврзан со војната во Појасот Газа.

Во инцидентот немаше жртви ниту пак, беше предизвикана материјална штета.