Кина
Кина со вонредно предупредување за можни поплави
04.06.2024 09:35
Кинеските власти со вонредно предупредување за можни нови поплави откако делови од земјата беа зафатени од обилни дождови кои создадоа проблеми во неколку региони...

Кинеските власти со вонредно предупредување за можни нови поплави откако делови од земјата беа зафатени од обилни дождови кои создадоа проблеми во неколку региони. Се предвидува дека невремето во текот на денот ќе зафати делови од Гуанг-кси, Гуанг-донг и Хунан по што се очекува постепено да слабее.
Најтешко погоден е округот Фенгшан каде што дождот предизвика сериозни поплави и прекини во сообраќајот, а многу објекти останаа затворени.
