МВР: 198 санкции за сообраќајни прекршоци на територијата на цела држава
Во текот на вчерашниот ден во периодот од 09.00 до 13.00 часот од страна на секторите за внатрешни работи и патролни тимови составени од полициски службеници од Одделот за униформирана полиција, спроведена е акциска контрола во областа на сообраќајот на територијата на цела држава...

Во текот на вчерашниот ден во периодот од 09.00 до 13.00 часот од страна на секторите за внатрешни работи и патролни тимови составени од полициски службеници од Одделот за униформирана полиција, спроведена е акциска контрола во областа на сообраќајот на територијата на цела држава, при што изречени се 198 санкции за сообраќајни прекршоци, информираат од МВР.
При контролата, санкционирани се 33 возачи поради бесправно управување на возилото, осум возеле без возачка дозвола. На вонреден технички преглед биле упатени 55 возила, а кај 16 биле констатирани технички неисправности.
- Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, се вели во соопштението на МВР.
