Фудбал

ОПТА: Англија фаворит за титулата на ЕУРО 2024

04.06.2024 11:44

Агенцијата за фудбалска аналитика и статистика ОПТА ја издвои Англија како прв фаворит за освојување на титулата на претстојното Европско првенство...

Агенцијата за фудбалска аналитика и статистика ОПТА ја издвои Англија како прв фаворит за освојување на титулата на претстојното Европско првенство.

Според ОПТА, англиската репрезентација е главен фаворит за европската титула со 19,9 проценти, пред Франција (19,1 отсто) и домаќинот Германија (12,4 отсто).

Европското првенство во 2024 година ќе се одржи во Германија од 14 јуни до 14 јули.