Избори во Индија

Индискиот премиер Моди на пат да го освои третиот последователен мандат

04.06.2024 12:51

Се пребројуваат гласовите за Долниот дом на Парламентот на Индија. Според прелиминарните резултати, сојузот предводен од партијата „Бхаратија Џаната“ на Моди води со нешто помалку од 300 мандати во Домот од 543 места...

Се пребројуваат гласовите за Долниот дом на Парламентот на Индија. Премиерот Нарендра Моди е на пат да го освои третиот последователен мандат. Според прелиминарните резултати, сојузот предводен од партијата „Бхаратија Џаната“ на Моди води со нешто помалку од 300 мандати во Домот од 543 места, додека опозициските партии имаат близу 200.

Партијата или сојузот што ќе освои повеќе од 272 места во парламент, може да формира влада. Најголемите парламентарни избори во светот се одржаа во седум фази во текот на шест недели, со речиси милијарда луѓе пријавени за гласање во момент на екстремен топлотен бран кој зеде десетици човечки животи.

Индија се приближи кон статусот на суперсила под деценијата на владеење на Моди, но во истовреме станува и сè пополаризирана по религиозни линии.