Српската опозицијата бара напуштање на Градското собрание на Белград
И додека власта прогласи победа во речиси сите општини и во градот Белград, Ниш, Нови Сад, Саво Манојловиќ од движењето „Крени-промени“ незадоволен од „изборните малверзации“ во Ниш и Нови Белград ја повика опозицијата да ги врати мандатите и да го напушти Градското собрание на Белград...

И додека власта прогласи победа во речиси сите општини и во градот Белград, Ниш, Нови Сад, Саво Манојловиќ од движењето „Крени-промени“ незадоволен од „изборните малверзации“ во Ниш и Нови Белград ја повика опозицијата да ги врати мандатите и да го напушти Градското собрание на Белград.
„Поради очигледната манипулација со гласовите и промените на евиденцијата на гласачите во Ниш и општина Нови Белград, бараме сите опозициски партии од овие градови, како и од републичкиот парламент, да го напуштат парламентот доколку се продолжи со прекројување на изборната волја на овој начин“, порача Саво Манојловиќ, лидер на движењето Крени-Промени.
Во случај опозицијата да се договори за ова прашање, тој од сабота најави голема граѓанска непослушност, за која има план.
Во Ниш синоќа опозицијата имаше протест пред седиштето на Градската изборна комисија, каде очекуваа да имаат увид во избирачкиот список и материјалите од гласањето, посочувајќи дека конечните резултати се исконструирани во корист на СНС.
Набљудувачката мисија на ОБСЕ-ОДИХР соопшти дека е забележан мал напредок во изборниот процес, но клучните проблеми како што се нееднаквите изборни услови, пристрасното известување на медиумите, притисокот врз гласачите, купувањето гласови-не се решени.
„Изборите поминаа без проблеми, но имаше различни процедурални проблеми, пријави на притисоци и купување на гласови и примери на насилство. Земајќи го предвид ова, резултатите на изборите на крајот се сметаат како позитивни“, изјави Ламберто Заниер, шеф на набљудувачката мисија на ОБСЕ.
Претседателката на Собранието, Ана Брнабиќ, изјави дека ќе побара дополнителни појаснувања од Канцеларијата на ОБСЕ, во однос на делот од нивниот извештај за локалните избори што се однесува на медиумското покривање и најави дека СНС ќе почне да работи на формирање на сите структури на локалните власти и исполнување на она што е ветено на граѓаните во предизборната кампања.
Оливер Бранковиќ, дописник од Белград за МРТ
