Собрание

Одобрена апанажа за 29 пратеници од минатиот состав

04.06.2024 14:45

Комисијата за избори и именувања експресно ја заврши својата втора седница. Одобри мирување на пензијата на екс-претседателот Пендаровски, но одобри и апанажа на засега 29 пратеници...

Оформена Комисијата за политички систем и Законодавно-правната комисија, две собраниски тела кои се неопходни за разгледување на измените во Законот за организација на работата на органите на државната управа преку кои ќе се оформат уште две министерства, а ќе има и реорганизација на одредени владини сектори.

За 29 пратеници од минатиот состав, Комисијата за избори и именувања им одобри да земаат апанажа, но бројот кои бараат плата додека се снајдат со ново работно место е поголем. На барање на поранешниот претседател Пендаровски, во мирување е ставена неговата претседателска пензија.

Тоа што следува во Собранието е владејачкото мнозинство да го поднесе законот за реорганизација на владата, а најдоцна до петок, претседателката Сиљановска – Давкова да го додели мандатот за нов состав на влада на мандатарот Христијан Мицкоски.

 

Миле Ристески