Германија има најмногу гласачи на изборите за ЕП
Германија има најголем број граѓани кои ќе можат да гласаат на изборите за Европскиот парламент, каде што има и најголем број на оние кои за првпат можат да изберат европратеници...

Германија има најголем број граѓани кои ќе можат да гласаат на изборите за Европскиот парламент, каде што има и најголем број на оние кои за првпат можат да изберат европратеници.
Според податоците на националните статистички служби на 27-те земји-членки на ЕУ, објавени денеска од Евростат, Германија има 65,1 милиони граѓани со право на глас.
Зад неа се Франција со 50,7 милиони и Италија со 47,3 милиони.
Најмалку гласачи имаат Малта (0,4 милиони), Луксембург (0,5 милиони) и Кипар (0,7 милиони).
Европскиот парламент се избира на пет години, а од последните избори во 2019 година, 5,1 милион германски граѓани се стекнале со право на глас, најмногу во ЕУ.
