Индија

Моди прогласи победа на изборите во Индија

04.06.2024 18:58

Индискиот премиер Нарендра Моди прогласи победа на парламентарните избори, велејќи дека по трет пат народот верува во неговиот Национален демократски сојуз...

Индискиот премиер Нарендра Моди прогласи победа на парламентарните избори, велејќи дека по трет пат народот верува во неговиот Национален демократски сојуз.

Двајца клучни регионални сојузници во коалицијата го поддржаа како премиер, и покрај предвидувањата дека неговата партија нема да освои мнозинство на општите избори.

Според последните прелиминарни податоци, коалицијата Национална демократска алијанса предводена од премиерот Нарендра Моди освоила 290 од 543 места во парламентот, додека опозициската коалиција ИНДИЈА освоила 235.