Над 5 милиони евра штета од пожарот во „Виго 48“
Вчерашниот голем пожар во поранешен битолски „Прогрес“ уништи над деведесет насто од капацитетот на компанијата „Виго 48“. Вкупната штета според раководството на фабриката изнесува над пет милиони евра...

Од вчерашниот голем пожар, со мал интензитет сеуште е активно само жариштето во еден од магацинските простори. Ден по огнената стихија глетката е стравична. Целосно се уништени: покривната конструкција, трите современи произвотствени линии и магацините со готови производи и репроматеријали.
„95 посто од фабриката е уништена. Штетата е над пет милиони евра. Оваа фабрика вработуваше 215 луѓе и беше извозно ориентирана. Извезувавме во 14 земји. Ова што се случи е голема загуба и за нас и за вработение, но и за самата општина“, вели управителот на „Виго 48“, Ненад Павловски.
Од „Виго 48“ велат дека капацитетот бил осигуран. Но која е висината на вистинската штета и кои се причините за пожарот ќе знаат по темелната истрага која треба да заппочне по целосното локализирање на огнените жаришта. Засега единствено се огласија само од противпожарната единица. Ги демантират обвинувањата за спората интервенција. Како аргументи ја посочуваат ненавремената и погрешна дојава дека гори само оџак, немањето оперативен план во случај на пожар, хемискиот состав на материјалот на градба и немањето адекватен водич, што било причина и да дојде до експлозија на три 25 литарски плински боци.
„Не ни кажаа дека во горниот кат на фабриката има боци со реагенси што ги користат во производниот процес па така утринава окулу четири часот дојде до експлозија во тој дел и можеа да настрадаат шест пожарникари“, вели командирот на битолската Противпожарна единица Константин Поповски.
Без разлика кој сноси поголема вина факт е дека штетата е со големи размери.
Во последните 30 години во индустрискиот дел на Битола ова еден од најголемите пожари и со наголема материјална штета.
Стевче Митревски
