Австрија
Австрија на удар на поплавите
04.06.2024 20:52
Изобилните дождови предизвикаа стотици пожарникарски операции во поголемиот дел на земјата, особено е критично во покраината Горна Австрија...

На удар на поплавите се најде и Австрија. Изобилните дождови предизвикаа стотици пожарникарски операции во поголемиот дел на земјата, особено е критично во покраината Горна Австрија.
Дунав надојде и во Линц каде што нивото на реката порасна за 40 сантиметри. Се очекува натамошен раст на котата на реката во наредните неколку часови. Патиштата во и околу градот се затворени, а со поплавите се соочува и градот Шардинг.
