Албанија

На аеродромот во Тирана уапсени 16 полицајци

04.06.2024 21:45

На меѓународниот аеродром во Тирана уапсени 16 припадници на граничната полиција...

На меѓународниот аеродром во Тирана уапсени 16 припадници на граничната полиција, осомничени дека се вмешани во корупциска шема за илегално префрлање на лица во земјите од Европската унија, објавија албанските медиуми.

Според соопштението на Обвинителството на Тирана, полициските службеници во соработка со сопственик на туристичка агенција обезбедиле можности за премин на најмалку 200 албански државјани депортирани од различни земји на Европската унија.