Временска прогноза
Сончево и топло со умерена променлива облачност
05.06.2024 07:55
Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Попладне, во северозападните и северните делови ќе има услови за ретка појава на пороен дожд и грмежи...

Времето денеска ќе биде сончево и топло со умерена променлива облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Попладне, во северозападните и северните делови ќе има услови за ретка појава на пороен дожд и грмежи. УВ индексот ќе изнесува 7.
Во Скопје сончево и топло со умерена облачност, попладне со услови за појава на пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.
