Кандидатури за нов претседател на СДСМ
Вонредните внатрепартиски избори во СДСМ ќе се одржат на 30-ти јуни...

Поранешниот министер за здравство Венко Филипче и поранешната министерка за одбрана Славјанка Петровска денеска се очекува да ги поднесат кандидатурите за претседател на СДСМ. Кандидатура за претседател на СДСМ најави и актуелниот директор на ТИРЗ Јован Деспотовски, кој денеска ќе одржи прес-конференција пред поднесување на кандидатурата. Нов почеток, нов СДСМ е програмата со која ја барам поддршката за претседател на СДСМ. Во фокусот на оваа програма се луѓето. Оваа програма обединува, а не фаворизира, и во која ќе има место за сите предлози и идеи на луѓето кои искрено ќе се вложат новиот СДСМ да го изгради интегритетот и стекне местото што го заслужува, стои во поканата за прес-конференцијата.
Во медиумите се споменуваше дека е можно да се кандидира и директорот на царинската управа, Стефан Богоев. Вонредните внатрепартиски избори во СДСМ ќе се одржат на 30-ти јуни.
