Расте интересот за техничките училишта
Ресорниот министер Адеми со апел - во второто пријавување да се изберат техничките училишта. Големиот дефиц ги прави ваквите кадри најбарани на пазарот на трудот...

Во првиот уписен рок се запишале 12.551 полуматурант, а близу 18.000 поднеле документи до училиштата. Поголем број од основците ги одбрале стручните училишта, а интерес имало и за новоформираната спортска академија.
22.436 слободни места се на располагање на оние кои сеуште не одбрале каде ќе го продолжат образованието. Ресорниот министер Адеми со апел - во второто пријавување да се изберат техничките училишта. Големиот дефиц ги прави ваквите кадри најбарани на пазарот на трудот.
„Учениците, не сите да одат во општи струки и гимназија туку тоа да биде во техничките науки, таму да одат оние кои имаат афинитети, а не оние кои имаат слаби оценки или сеуште неможат да се запишат на други струки“, изјави министерот за образование и наука, Абдикаќим Адеми.
За второто пријавување на 30 јуни и 1 јули, гимназиите ќе примат 5.756 ученици, стручните училишта 16.632 и 48 слободни места има во спортската академија.
Министерството веќе објави конкурс за струките, профилите и паралелките за новото средно училиште во Шуто Оризари кое почнува со настава од септември. Вториот уписен рок е на 21 август.
Средното образование е задолжително, родителите кои нема да ги запишат своите деца ќе платат високи парични казни.
Викторија Тодоровска
