Украина
Нови руски напади на истокот во Украина
05.06.2024 08:35
Повредени цивили во напад на Дњепар. Далеку од конфликтот, американскиот претседател планира мир според кој Москва никогаш не смее да ја окупира Украина, што не значи членство на Киев во НАТО...

Борби на истокот на Украина, гранатирање во руските погранични области. Повредени цивили во напад на Дњепар. Далеку од конфликтот, американскиот претседател планира мир според кој Москва никогаш не смее да ја окупира Украина, што не значи членство на Киев во НАТО.
Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров смета дека француските воени инструктори се веќе на фронтот, изјавувајќи дека тие се сега „легитимна цел“ на руската војска.
Од друга страна, доделувањето руски средства за Украинците ќе биде легитимна тема на претстојниот Самит на Г7.
