Денеска без струја делови од неколку скопски општини
Поради технички зафати во електро дистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат делови од општините Аеродром, Гази Баба, Ѓорче Петров и Кисела Вода...

Поради технички зафати во електро дистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат делови од општините Аеродром, Гази Баба, Ѓорче Петров и Кисела Вода.
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје информира дека од 08:00 до 14:00 часот, корисниците од ул. Гаврил Константиновиќ во населба Лисиче, општина Аеродром.
Од 09:00 до 10:00 часот, корисниците од ул. Финска во населба Ченто, општина Гази Баба, од 09:00 до 13:30 часот, корисниците од дел од ул. Никола Вукмировиќ во населба Ѓорче Петров, општина Ѓорче Петров, а од 09:00 до 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Киро Фетак во нас. Драчево, општина Кисела Вода.
