САД

Трамп побара од судот да му ја укине забраната за говор

05.06.2024 11:03

Поранешниот американски претседател Трамп побара од судот во Њујорк да му го укине ограничувањето и да му дозволи јавно да зборува за својот случај откако минатата недела беше прогласен за виновен по сите 34 точки од обвинението...

Поранешниот американски претседател Трамп побара од судот во Њујорк да му го укине ограничувањето и да му дозволи јавно да зборува за својот случај откако минатата недела беше прогласен за виновен по сите 34 точки од обвинението за фалсификување деловни документи за прикривање пари.

Пресудата за Трамп треба да биде изречена на 11 јули, четири дена пред почетокот на републиканската конвенција во Милвоки. Трамп тврди дека судењето е наместено и дека вистинската пресуда ќе биде кажана на 5 ноември од народот. Во истовреме, синот на неговиот противкандидат Хантер Бајден седна на обвинителна клупа поради нелегално поседување оружје.

Обвинителите на судењето и кажаа на поротата дека синот на американскиот претседател бил „зависник од дрога кој лажел дека пополнил формулар за купување пиштол додавајќи дека никој не е над законот.