Свет

Пукано врз американската амбасада во Бејрут

05.06.2024 11:13

Три лица со огнено оружје пукале кон американската амбасада во Бејрут, еден припадник на обезбедувањето е ранет...

Три лица со огнено оружје пукале кон американската амбасада во Бејрут, еден припадник на обезбедувањето е ранет.

Локалните медиуми јавуваат дека еден од напаѓачите е убиен, другиот е ранет, а третиот е во бегство. Повредениот напаѓач кој е со сириско потекло е пренесен в болница.

Американската амбасада соопшти дека никој од персоналот не бил повреден за време на нападот.

 

 

 

Фото: Принтскрин/Јутуб