Се проширува проектот Дежурен матичен лекар
Според бројот на превентивни здравствени прегледи Македонија е лидер во соседството. Фондот за здравство и матичните, договараат стратегија за афирмација на потребата од превентивен преглед и проширување на проектот Дежурен матичен лекар...

Околу 150 илјади пациенти во првите шест месеци од годинава направиле превентивни здравствени прегледи. Првичните резултати покажуваат, во пораст е процентот на појавата на дебелина кај децата, покачени трилицерини, холестерол, пред дијабетична состојба и нефролошките заболувања. Колку побрзо се открие и започне да се лекува болеста, толку е полесно за лекување, велат лекарите.
„Пациент кој што дојде комплетно здрав во миојата амбуланта му откривме 17 шеќер, со тоа спасивме човек“, рече д-р Лилија Чолакова- Дервишева, претседател на Здружението на приватни лекари.
Свеста кај пациентите за значењето на превентивните прегледи расте.
„На пет шест месеци крв се прегледува, се прегледува притисок и ЕКГ, лабараторија и општ преглед, ако нешто има на прегледот тогаш понатаму“, велат анкетираните пациенти.
За што подобра и навремена здравствена услуга, Фондот за здравство најавува проширување на проектот Дежурен матичен лекар.
„Скопје е веќе град во кој што нема поплаки од осигурениците и се згрижени и во сабота, веднаш навремено од здравствениот систем, а во недела останува Итната помош да функционира во рамките на здравствените домови“, рече Маја Парнаџиева Змејкова, директор на ФЗО.
По Скопје, Охрид, Струга и Гевгелија, се првите општина во кои во саботите лекарска помош наместо во Итната медицинска служба, пациентите ќе добиваат од дежурните матичени лекари.
Фондот за здравство и матичните лекари се договорија наскоро и во Велес во саботите да има дежурни матични лекари кои ќе нудат здравствени услуги на сите пациенти.
Дијана Иванова
