Бајден: Новите ограничувања за мигрантите ќе ја „обезбедат“ границата меѓу САД и Мексико
Бајден објави итни ограничувања за мигрантите и издаде наредба за делумно затворање на процесот на азил по должина на границата со Мексико...

Бајден објави итни ограничувања за мигрантите и издаде наредба за делумно затворање на процесот на азил по должина на границата со Мексико во обид да ја неутрализира имиграцијата како политичка одговорност пред изборите во ноември.
Говорејќи од Белата куќа, изјави дека ја надминува републиканската опструкција и ја користи извршната власт што му е достапна како претседател за да може да направи сè што е во негова моќ. Едностраната акција доаѓа по пропаѓањето на двопартискиот договор за безбедност на границата во Конгресот што повеќето републикански пратеници го отфрлија по налог на Доналд Трамп.
„Двопартиски договор беше најсилниот договор за безбедност во последните неколку децении, тоа што тој не сакаше да го реши проблемот и сакаше да го искористи против мене е крајно циничен политички потег и лоша услуга за американскиот народ“, изјави Џо Бајден - претседател на САД.
