Македонија

Битолскиот регион сè уште крие експлозивни направи и оружје од Првата светска војна

05.06.2024 14:29

И по повеќе од еден век од Првата светска војна, Битолскиот регион сè уште крие експлозивни направи и оружје од тоа време, коишто можат да претставуваат опасност...

Вака изгледа експлозијата и по еден век престој во земјата на неексплодираните гранати и бомби од Првата светска војна. Податокот што последниве две децении бројката на откриени и извадени вакви експлозивни направи од минатото оди во нагорна линија ги потврдува тврдењата за она што се случувало на линијата на фронтот во Првата светска војна.

Половината од нив се откриени во Битолскиот регион или најбомбардираниот по францускиот град Верден. Неодамна пронајдените поголеми количини на неексплодирани направи на локацијата каде треба да се гради новиот автопат Битола – Прилеп како и оние во старата касарна меѓу кои и околу 3.000 пушки, опоменува дека уште долго време ќе бидат потенцијална опасност, велат пиротехничарите.

Останатиот дел од линијата на фронтот досега понудил и откривање на специфични експлозивни направи кои во тоа време важеле за ретки.

Раководителот на Дирекцијата вели дека со овие активности во текот на една година спасуваат многу животи. Но, апелира за зголемување на бројот на пиротехничари. Засега на ниво на држава ги има само четворица.

 

Стевче Митревски