Четири кандидати и официјално во трката за претседател на СДСМ
Во СДСМ и официјално поднесени кандидатури за нов претседател. Филипче, Петровска, Деспотовски и активист од Битола, во трка за наследник на Ковачевски. Рокот истекува утре…

Тројца високи партиски фунционери поднесоа кандидатури за прв човек на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија. Сите согласни дека на партијата и требаат коренити реформи.
Во седиштето, прв со документи Венко Филипче. Вели, влегува сам во трката, без тим кој ќе го формира ако стане претседател на партијата. Поделбите мора да се надминат, вели Филипче.
Славјанка Петровска вели, не сака кавги. Мора да има силно СДСМ за силна опозиција, која е здрава за демократијата.
Јован Деспотовски со програма „Нов почеток, нов СДСМ“. Вели, неговата програма обединува, а не фаворизира. Најавува формирање влада во сенка.
Кандидатура поднел и Златко Ристовски, партиски активист од Битола.
Изборниот конгрес е закажан за 30-ти јуни, а на 9-ти социјалдемократите на Конгрес ќе ги анализираат сопсвените грешки за катастрофалниот изборен пораз. Рокот за поднесување кандидатури истекува на 6-ти јуни.
Миле Ристески
