Здравство

Една сала во две смени – привремено решение за хаосот на Хирургија

05.06.2024 15:07

Резултатите од Германија се чекаат, хируршките клиники со надворешни и внатрешни компресори привремено го решаваат проблемот во здравството. Со една сала што работи во две смени – ова значи дека има привремено, но, не и трајно решение за хаосот со оперативниот блок на Хирургија. А, за некои, времето живот значи...

За пациенти со тумор на мочен меур или на бубрег чекањето операција може да биде фатално, бидејќи може да се појават метастази, вели докторот Башким Шабани, хирург-уролг.

Најавено е дека од понеделник ќе бидат подготвени да почнат да работат во две сали во кои ќе се одвиваат закажани операции. Решение е привремено, неизвесно како ќе биде целиот компресорскиот систем и гасовод.

И додека надлежните наоѓаат привремени решенија, се зголемува бројот на пацинети коишто се на листите на чекање на хирушките клиники. Пред затворање тука се оперирале стотина пацинети дневно.

 

Наташа Јанчиќ - Менковски