МВР
Дедо нападнал вработена и полицаец во тетовскиот Ургентен центар
05.06.2024 16:22
Осумдесет и петгодишен тетовец е приведен откако нападнал полицаец и вработена во ургентниот центар во Тетово...

Осумдесет и петгодишен тетовец е приведен откако нападнал полицаец и вработена во ургентниот центар во Тетово.
„Вчера во 08.55 часот лицето Н. В (85) од Тетово било приведено од страна на полициски службеници од СВР Тетово, кои постапиле по претходна пријава од П.Е. од Тетово, вработена во Ургентен центар Тетово. Во пријавата таа навела дека во 08.30 часот физички ја нападнал на работното место, а подоцна физички нападнал и полициски службеник кој преземал службени дејствија“, информираат од СВР Тетово.
Тој е задржан во полициска станица за понатамошна постапка и против него ќе следува соодветен поднесок.
