Политика

Што предвидува реорганизацијата на државната управа?

05.06.2024 17:15

Што всушност предвидува реформата на државната управа? Кабинетот на Мицкоски треба да брои 24 члена, Мицкоски плус 23-ца министри...

Што всушност предвидува реформата на државната управа? Кабинетот на Мицкоски треба да брои 24 члена, Мицкоски плус 23-ца министри.

За компарација, актуелната влада брои 20 члена. Дел од министерства ќе се реорганизираат, ќе се формираат и нови. Министерство за економија ќе стане Министерство за економија и труд. Сегашното Министерство за труд и социјална политика ќе биде Министерство за социјална политика, демографија и млади. Нови ќе бидат Министерството за спорт, како и Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини. Туризмот ќе оди под капата на Министерството за култура. Новина е и Министерството за дигитализација, а ќе има и ново Министерство за администрација.

Интересно е што Левица соопшти дека го прифаќа ова, под услов ВМРО-ДПМНЕ да прифати една Изборна единица.