Претседател
Сиљановска-Давкова утре ќе го врачи мандатот за состав на Влада
05.06.2024 17:05
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова утре во 12:00 часот, ќе го врачи мандатот за состав на Влада на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, соопштија од нејзиниот кабинет...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова утре во 12:00 часот, ќе го врачи мандатот за состав на Влада на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, соопштија од нејзиниот кабинет.
Претходно Мицкоски рече дека разговорите за формирање Влада се при крај и дека очекува многу брзо да го поднесе составот на новата Влада.
