Јункер го чека гласањето!
Познатато е дека Велика Бритинија најостро се спротивставува за неговиот избор, но по промента на ставот на официјален Стохлом, повеќе од очигледно е дека е се поосамена во својата позиција...

До крајот на денов на Самитот на лидерите на Европската Унија кој се одржува во Брисел се очекува да се потврди номинацијата на Жан Клод Јункер за нов претседател на Европската Комисија.
„Ако преовладува разумот тоа ќе се случи на крајот на неделата. Но се чини дека здравиот разум е многу нерамномерно распределен“, изјави вчера кандидатот на Европските народни партии.
Познатато е дека Велика Бритинија најостро се спротивставува за неговиот избор, но по промента на ставот на официјален Стохлом, повеќе од очигледно е дека е се поосамена во својата позиција.
Инаку денеска се поптишани договори за асоцијација на Украина, Грузија и Молдавија.
„Ова е најисториски ден, по денот на независноста, и ова е можност да ја модернизираме нашата држава, а единствено нешто што ни треба за тоа е мир и безбедност“, рече украинскиот претседател Петро Порошенко.
Чинот на потпишувањето на договрите за асоцијација на трите држави ќе им помогне во воспоставување на владеење на правото и развој на демократија, истакна на крајот на мандатот, првиот човек на Европската Комисија, Жозе Мануел Баросо.
„Покажува дека процесот на европската интеграција може да инспирира и многу други држави надвор од Европската Унија“, нагласи Баросо.
Лидерите на ЕУ се заложија да се запре протокот на оружје и милитанти на границата на Украина од страна на Русија и се заканија за построги санкции.
Марина Стојанова- Тонева, постојан дописник од Брисел за МРТ
