Германија

Нападнат политичар во Германија

05.06.2024 18:17

Кандидат за локален совет од партијата Алтернатива за Германија бил нападнат со нож доцна синоќа во градот Баден-Виртемберг, Германија...

Кандидат за локален совет од партијата Алтернатива за Германија бил нападнат со нож доцна синоќа во градот Баден-Виртемберг, Германија.

Политичарот е повреден, а напаѓачот е уапсен.

Инцидентот се случил во 22:45 часот во близина на пазарот, откако кандидат на АфД фатил лице како вади плакат, соопшти окружното здружение на АфД.

Кога се соочил со лицето бил нападнат и повреден со нож.

Политичарот на АфД сè уште е во болница, но наводно претрпел само исеченици.