Косово

Уапсени две лица осомничени за шпионажа во Косово

05.06.2024 19:42

Специјалното обвинителство на Косово на 5-ти јуни соопшти дека се уапсени две лица осомничени за шпионажа.

Специјалното обвинителство на Косово на 5 јуни соопшти дека се уапсени две лица осомничени за шпионажа.

Во соопштението се наведува дека по повеќемесечна истрага се уапсени двајца косовски државјани.

„Денеска во соработка со полицијата и Косовската разузнавачка агенција беа извршени рации на две локации во Косово и се уапсени двајца осомничени за кривично дело „шпионажа“ од член 124 од Кривичниот законик“, соопшти обвинителството.