Словачка

Словачкиот премиер се огласи по обидот за атентат

05.06.2024 21:05

Словачкиот премиер Роберт Фицо денеска преку видеопорака најави дека би можел да се врати на работа на крајот на овој месец или во јули, по атентатот од 71-годишниот писател Јурај Цинтула на 15-ти мај, а нападот го припиша на „омраза“ на опозицијата...

Словачкиот премиер Роберт Фицо денеска преку видеопорака најави дека би можел да се врати на работа на крајот на овој месец или во јули, по атентатот од 71-годишниот писател Јурај Цинтула на 15-ти мај, а нападот го припиша на „омраза“ на опозицијата.

Фицо рече дека нема да преземе никакви активни правни мерки против Цинтула, кого го опиша како „гласник на злото и политичка омраза“, ниту ќе бара отштета.

„Во мај, активист на словачката опозиција се обиде да ме убие поради моите политички ставови“, рече тој и посочи дека нема причина да верува дека тоа е напад на осамен лудак.

Словачкиот премиер додаде дека нападот сериозно му го оштетил здравјето, дека претрпел неколку операции и болки, но длабоко му се заблагодарил на медицинскиот персонал во болницата во Бањска Бистрица, каде што бил лекуван по атентатот.