Сè повеќе граѓаните го користат мобилниот телефон за електронско плаќање
Мобилните телефони и паметните часовници се повеќе се користат во земјава. Освен основната улога, да се одговори на повик или порака, да се прикаже колку е часот, дигиталната технологија сè повеќе влијае и врз финансиската индустрија и кај нас. Но ова има и лоша страна, кибер-нападите бележат постојан раст...

Мобилните телефони и паметните часовници се повеќе се користат во земјава. Освен основната улога, да се одговори на повик или порака, да се прикаже колку е часот, дигиталната технологија сè повеќе влијае и врз финансиската индустрија и кај нас.
Според податоците од платежната статистика за 2023 година, на Народна банка, забележано е зголемување на безготовинските платежни трансакции од 16%, во споредба со 2022 година, односно 87 трансакции по глава на жител. Но ова има и лоша страна. Имено, кибер-нападите бележат постојан раст, а стануваат и сè посложени и посилни. Се проценува дека на дневна основа има повеќе од 2.200 напади, односно еден напад на секои 39 секунди. Финансиската индустрија, традиционално, е прва на листата по бројот на кибер-напади. Бидете модерни, практични и внимателни.
