Временска прогноза
Сончево и топло со мала до умерена локална облачност
06.06.2024 07:56
Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне во крајните јужни делови од земјата ќе има услови за ретка појава на краткотраен пороен дожд и грмежи...

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне во крајните јужни делови од земјата ќе има услови за ретка појава на краткотраен пороен дожд и грмежи.
Максималната температура ќе достигне од 27 до 34 степени. УВ индексот ќе изнесува 7.
Во Скопје ќе биде сончево и топло со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
