кабинет
Мицкоски денес ќе го добие мандатот за состав на Влада
06.06.2024 08:12
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, денеска на пладне ќе го врачи мандатот за состав на Влада на Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ …

На пладне претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, и официјално ќе му го врачи мандатот за составување на новата Влада на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Со врачувањето на мандатот почнуваат да течат 20 дена за формирање Влада.
ВМРО-ДПМНЕ на парламентарните избори на 8-ми мај освои 58 мандати, коалицијата „Вреди“ 14, а ЗНАМ-6 мандати. Од ВМРО-ДПМНЕ посочуваат дека новата Влада ќе биде формирана согласно со уставните рокови.
