ЕУ
Почнуваат изборите за членови на Европскиот парламент
06.06.2024 08:18
Околу 370 милиони граѓани на земјите-членки на ЕУ имаат право на глас за новиот состав на Европскиот парламент. Гласањето ќе трае до недела...

Почнуваат изборите за членови на Европскиот парламент. Околу 370 милиони граѓани на земјите-членки на ЕУ имаат право на глас за новиот состав на Европскиот парламент. Гласањето ќе трае до недела.
Согласно последните измени, бројот на европратеници се зголемува од досегашните 705 на 720. Согласно правилата на ЕУ, изборните системи по кои се бираат европратениците мора да обезбедат пропорционална застапеност, изборните модели се разликуваат од земја до земја.
Најголем број европратеници се избираат во Германија, а најмалку во Луксембург и Малта.
