Израел продолжи со уништувањето на Хамас
Израел пак тврди дека училиштето било дом на база на Хамас, што организацијата негираше...

Локалните власти во Газа соопштија дека е над 20 цивили загинале откако било погодено училиште на Агенцијата на Обединетите нации за палестински бегалци во Нусејрат. Израел пак тврди дека училиштето било дом на база на Хамас, што организацијата негираше. Одбраната ја продолжи офанзивата против милитантнтанта група во центарот на Газа. Премиерот Нетанјаху при посетата на границата со Либан изјави дека армијата е подготвена за силна акција на северот.
„Кој мисли дека ќе не повреди и ќе седиме со скрстени раце, прави голема грешка. Подготвени сме за многу силна акција. На овој или оној начин ќе ја вратиме безбедноста на северот“, изјави Бенјамин Нетанјаху, премиер на Израел.
Ескалацијата во Либан би ја загрозила израелската безбедност-велат од Вашингтон. Преговорите меѓу американските, египетските и катарските посредници и обидите за постигнување договор за прекин на огнот продолжуваат во Доха.
