Група „А“: Бразил и Мексико - ниво пред Хрватаска
Бразил и Мексико на едната, Хрватска и Камерун на другата страна на мундијалската завеса. Европскот и африканскиот ја загубија битката со американскиот фудбал. Бразилците го издржаа првичниот притисок и ја предводеа групата А. Мексико ја потврди фудбалската вредност, Хрватите резултатски разочараа, а од Камерунците никој и не очекуваше повеќе. 18-те погодоци на шесте натпревари беа во функција на мундијалскиот просек. Нејмар рано одговори на прашањата може ли да биде неимар на шестата круна на „селесао“.

Бразил и Мексико на едната, Хрватска и Камерун на другата страна на мундијалската завеса. Европскот и африканскиот ја загубија битката со американскиот фудбал. Бразилците го издржаа првичниот притисок и ја предводеа групата А. Мексико ја потврди фудбалската вредност, Хрватите резултатски разочараа, а од Камерунците никој и не очекуваше повеќе. 18-те погодоци на шесте натпревари беа во функција на мундијалскиот просек. Нејмар рано одговори на прашањата може ли да биде неимар на шестата круна на „селесао“. Уште на отворањето против Хрватска се потврди зависноста на играта на Бразил од нивото на Нејмар.
До триумфот со 3-1 Сколари дојде тешко. Нацијата затрепери кога Марсело ја погоди сопствената мрежа. Занеме спектакуларниот хор од 50 000 навивачи кои во еден глас ја испеаја химната на арена „Коринтијанс“. Но, се огласи Нејмар. Во 29-тата минута „бразуката“ заврши зад грбот на Плетикоса. „Кариоките“ се израдуваа на првиот гол на шампионатот. Со три финалиња од 94-та до 2002-ра и две четвртфинални елиминации на последните две првенства, за Бразилците успех ќе биде само титула. Затоа реми на премиерата не беше опција. Бедемот на Ковач не попушташе. Хрватите издрржаа до полувремето, а во второто Бразил не можеше да го одржи високото темепо. Се загуби и Нејмар, но свирката на Нишимура одекна во ушите на хрватските навивачи. Ловрен го допре Фред, јапонскиот арбитар покажа на белата точка и Бразил направи пресврт. Стрелаше Нејмар, а топката мина низ рацете на Плетикоса. Натпреварот заврши, време имаше, но Ковач немаше тактка за да брка, туку само да брани резултат. А во такви ситуации мајсторството на Брзилците доаѓа до израз. Во судиското надополнување Оскар покажа зошто, сепак, доби предност пред Вилијан. Бразил победи со 3-1, ги освои првите бодови, ја мина првата од седумте скали до тронот. Хрватите се задоволија со силниот отпор, верувајќи дека судиската неправда ќе се врати на поинаков начин на другите натпревари. Знаеја дека поразот од Бразил за нив не е крај на Мундијалот. Решаваа други средби, во прв ред онаа со Мексико кој со минимални 1-0 го совлада Камерун. Судиите не се прославија и на овој меч, неправедно му поништија два гола на „лос трес“, но не можеа да ја запрат радоста на Пералта во 61-та минута. Од 70-тата кога беа домаќини, Мексиканците настапија на осум светски првенства на коишто изградија репутација на репрезентација за нокаут сегемтот. Само еднаш не ја минаа групата. Почетната победа над Камерун му тргна голем товар од плеќите на селекторот Мигуел Ерера кој се реши да го изостави Чичарито од стартните единаесетмина.
Со остварен план и со потребниот мир „ел три“ истрча на „Кастелао“ во Форталеза Гранитната одбрана предводена од Маркез, со тројца стопери и пет играчи во линија, го запре бразилскиот напад. Блесна голманот Очоа со неколку интервенции. 60 000 гледачи не видоа гол. Бодот беше прифатлив епилог и за Бразил и за Мексико затоа што со него ја одржаа предноста пред Хрватска кои немаа проблем ниту со Камерун, ниту со амазонската клима во Манаус. Двапати стрелаше Манџукиќ, а по еднаш Олиќ и Перишиќ за убедливи 4-0. Камерун ги загуби шансите за 1/8-финале, а Храватска влезе во дуелот со Мексико со јасна математика – победа да, нерешено не одговара. Сепак, Ковач не ги намести коцките во Рецифе. На површина излегоа сите слабости на хрватскиот тим иако Модриќ ја доби позицијата зад Манџукиќ во нападот. Максико имаше контрола и за седум минути го торпедираше противничкиот гол. Маркез, Гвадрадо и Чичарито го нокаутираа хрватскиот табор. Голот на Перишиќ немаше никакво влијание. Поразот од 3-1 значеше трето место на Хрватска и крај на чевртото мундијалско учество. Мексиканците завршија втори без оглед што освоја седум бода, исто колку и Бразил кој со триумфот над Камерун со 4-1 ја задржа подобрата гол разлика. Фред и Фернандињо ги постигнаа првите голови на собирот, а Нејмар даде два и со вкупно четири е на делба на првото место на листата на стрелците, рамо до рамо со Меси и со Милер.
Во друштвото на 16-те најдобри, Бразил ќе игра со Чиле, а Мексико со Холандија. За Бразилците нема ни потреба да се потенцира, но со досегашнот ефект, Мексиканците оставија впеаток дека нивното знаме може долго да се вее на бразилските стадиони.
