Украина

Продолжува руско-украинскиот конфликт со несмален интензитет

06.06.2024 09:01

Најжестоки борби во Херсон, Харков и Доњецк. Во текот на ноќта 12 региони низ Украина исклучени од струја поради недостиг на електрична енергија...

Украинско-руските напади продолжуваат на двете страни со несмален интензитет. Најжестоки борби во Херсон, Харков и Доњецк. Во текот на ноќта 12 региони низ Украина исклучени од струја поради недостиг на електрична енергија. Путин размислува да одговори со „асиметрична мерка“ на одлуките на Западот за вооружување на Украина и дозволата за користење на нивното оружје на руска територија. Не ја исклучува ниту можноста од употреба на нуклеарно оружје доколку биде засегнат суверенитетот на неговата земја.

„Западот верува дека Русија никогаш нема да го искористи. Ние ја имаме нашата нуклеарна доктрина. Погледнете што пишува таму. Ако нечија акција го загрози нашиот суверенитет и територијален интегритет, сметаме дека е можно да ги искористиме сите средства што ни стојат на располагање“, изјави Владимир Путин, претседател на Русија.

Надвор од фронтот, Зеленски води дипломатски разговори низ Европа. Претходно во Доха разговараше со емирот на Катар Ал Тани за начините за завршување на војната.