САД
Торнада и силни бури во САД
06.06.2024 09:02
Торнадо е регистрирано и во државата Мериленд. Во округот Монтгомери, северозападно од Вашингтон издадено предупредување луѓето да се засолнат...

Торнада и силни бури беснеат низ САД. 2-годишно дете загина во Детроит во налетот на силното невреме што ја зафати американската сојузна држава Мичиген. Торнадо е регистрирано и во државата Мериленд. Во округот Монтгомери, северозападно од Вашингтон издадено предупредување луѓето да се засолнат.
Властите велат многумина се останати заглавени под урнатините на своите домови. Спасувачките екипи одговараат на повиците.
