АМСМ

Сообраќајот се одвива непречено, по суви коловози

06.06.2024 09:05

Од 04:30 часот сообраќајот на регионалниот пат Битола-с. Драгош е нормализиран, информира АМСМ...

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Од 04:30 часот сообраќајот на регионалниот пат Битола-с. Драгош е нормализиран, информира АМСМ.

Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1306 делница Прилеп-Крушево-Сладуево, заради започнување со градежни активности во врска со проект Санација на оштетувања на регионален пат Р 1306 делница Прилеп-Крушево-Сладуево, во вид на слегнувања на трупот на патот на стационажа од км 15+100 до км 15+600. Заради тоа од 07.06.2024 год. сообраќајот ќе се одвива според одобрен сообраќаен проект за времен режим на сообраќај.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.