Судиите денеска треба да изберат двајца нови членови
Судиите избираат двајца нови членови на Судскиот совет, еден од редовите на врховните судии и уште еден од битолското апелациско подрачје...

Судиите избираат двајца нови членови на Судскиот совет, еден од редовите на врховните судии и уште еден од битолското апелациско подрачје.
На избирачките ливчиња во Врховен има двајца кандидати, судиите Цветанка Периќ и Исамедун Лимани, додека, од битолското подрачје се кандидираат судиите Александар Камбовски, Татјана Сусулеска – судии на Апелационен суд Битола и Александра Поп Стефанија – судија на Основен суд Охрид. Иако судијката Периќ поднесе известување дека сака да се повлече од изборната трка поради здравствени причини, Судскиот совет не и дозволи.
Гласањето е тајно, а започнува во 8 и ќе трае до 15 часот.
