фудбал

Медисон нема да биде вклучен во тимот на Герет Саутгејт за ЕП

06.06.2024 09:56

Фудбалерот од средниот ред на Тотенхем, Џејмс Медисон, нема да биде вклучен во тимот на Герет Саутгејт за Европското првенство во Германија, откако ја напушти селекцијата...

Фудбалерот од средниот ред на Тотенхем, Џејмс Медисон, нема да биде вклучен во тимот на Герет Саутгејт за Европското првенство во Германија, откако ја напушти селекцијата, објавија британските медиуми.

Селекторот Саутгејт треба да се откаже од седум играчи во петок, еден час откако Англија ќе ја заврши последната контрола против Исланд на „Вембли“ во Лондон.

Гордиот Албион учеството на ЕП 2024 го започнува против селекцијата на Србија на 16 јуни, а во групата ќе игра и против Словенија и Данска.

 

 

 

 

 

 

 

Фото:/ Википедиа