Скијање

Норвешка за првпат домаќин на СП во алпско скијање

06.06.2024 10:04

Делегатите на Меѓународната скијачка федерација на конгресот во Рејкавиќ бираа помеѓу три понуди, а покрај Наравик кандидати беа Солде од Андора и италијанската Вал Гарден...

Норвешка во 2029 година за првпат ќе биде домаќин на Светското првенство во алпско скијање.

Натпреварувањето ќе се одржи во градот Наравик во град со околу 22.000 жители. Делегатите на Меѓународната скијачка федерација на конгресот во Рејкавиќ бираа помеѓу три понуди, а покрај Наравик кандидати беа Солде од Андора и италијанската Вал Гарден.

Во вториот круг од гласањето Вал Гарден доби повеќе гласови од Солде и поради тоа таму ќе се одржи Светското првенство во алпско скијање во 2031 година. Иако има долга историја на организирање на светските првенства во нордиски дисциплини, Норвешка за првпат доби организација на СП во алпско скијање.