Возот е побрз – ризик преку затворени рампи
Неколку мига пред возот да мине го ставаат животот на коцка. Ризикот од сигурна смрт е поттиснат од жебата да се стигне неколку минути порано...

Возот доаѓа, рампата се затвора, а тој го ризикува не само сопствениот туку и животот на десетици патници во автобусот . Ова е само една од низата ситуации. Ја сними видео камерата поставена крај пругите. Пешаци, велосипедисти возачи свесно ја заобиколуваат спуштената рампа, не ја почитуваат светлосната сигнализација.
Неколку мига пред возот да мине го ставаат животот на коцка. Ризикот од сигурна смрт е поттиснат од жебата да се стигне неколку минути порано.
„Возот е секогаш побрз. Тие не смеат ни да помислат да поминат кога ќе се појави светлосна и звучна сигнализација, а по неа за неколку секунди се случува да се затворат браниците. Дури и автобус се случи да помине на таква ситуација“, вели Петар Спасовски – помошник директор ЈП МЖ Инфраструктура.
Од Железница инфраструктура тврдат, генерално премините се безбедни, некои се под видеомониторинг, на дел има рампи, на дел нема, но сите со семафори и гласно и видливо покажуваат кога наидува воз. Голем дел од нив се под видео надзор. Во Маџари преминувањето надвор од преминот како да е практика.
Се уште се свежи сеќавањата на 32– цата повредени патници во автобус во кој удри воз. Настрадаа кога возачот се обиде да ја мине пругата заобиколувајќи ги затворените рампи.
„Минатата година се регистрирани 17 железнички несреки, во кои пет лица го загубиле својот живот, шест лица се здобиле со тешки повреди, 17 со полесни повреди“, вели Марија Јаковлевска, портпарол во МВР.
Камери ќе бидат поставени на поголем број железнички премини. За да се избегнат несреќи, оние што не ја почитиуваат сигнализацијата и прописите ќе бидат објавени на веб страницта на Железница инфраструктура, а ќе се соочат и со прекршочни пријави.
Сузана Финаднска- Стоевска
