Матурантите во сабота полагаат втор екстерен испит
Од Државниот испитен центар тврдат дека се е подготвено и дека со новите правила на тестирање и со ригорозните казни за учениците, ќе се спречи препишувањето...

Во сабота се полага вториот изборен предмет од матурата. Од Државниот испитен центар тврдат дека се е подготвено и дека со новите правила на тестирање и со ригорозните казни за учениците, ќе се спречи препишувањето. Директорката Михајловска не очекува да се повтори сликата од првиот ден од тестирањето каде беше откриена вибер група во која беше споделен тестот по македонски јазик.
Сите матуранти кои ќе бидат откриени како препишуваат веднаш го паѓаат тестот и ќе го преполагаат во августовскиот рок, додека за училиштата и тестаторите кои нема да ја спроведат матурата согласно Законот и дозволат средношколци да препишува, нема реперкусии.
Директорката Михајловска вели дека ваквите наводи ќе бидат испратени до ресорното министерство кое треба да одлучи какви мерки ќе преземе, резултати од тестирањето и од тоа кој препишувал ќе се објават наредниот месец.
